Мојот апел до сите политички партии и до сите политичари кои имаат остра реторика против Македонија е- ако толку ја сакаат Македонија, нека ја отфрлат идејата за шминкање на лицето на Македонија. Таа има свои бои и симболи, убава е таква каква што е, наша си е заедничка, истакна актерот Зоран Љутков, кој и вечерва даде поддршка За Заедничка Македонија.
-Ниту јас, а верувам ниту еден од вас нема ништо против Албанците кои живеат во Македонија. Тие се дел од нашата историја и од нашата иднина, како и сите други малцинства, ако сакаме да живееме во здрава и просперитетна Македонија, тогаш треба да бидеме разумни во барањата. Да се бориме само за една цел- За Заедничка Македонија, додаде Љутков.
Ги осуди и сите изјави кои имаат говор на омраза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.