| четврток, 6 декември 2018 |

Кој сѐ беше присутен на промоцијата на ГРОМ на Јакимовски?

Покрај неговите приврзаници од општина Карпош, кои ја исполнија големата сала на хотелот „Александар палас“, на промоцијата на ГРОМ присуствуваа и низа јавни личности за кои сѐ уште нема информации дали тие ќе бидат активни членови на партијата.

Покрај лидерот на Српската напредна странка, Драгиша Милетиќ, со чија поддршка и партиски печат Јакимовски победи во трката за градоначалничката позиција во општина Карпош, во „Александар палас“ беа присутни и низа други познати личности.

Во првиот ред седеа  професорите Томе Груевски и Зоран Костов, кој е шеф на американскиот проект Хабитат и експретседателот на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Сашо Клековски.

До Јакимовски седеа поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Кире Гештаковски, и поранешниот државен секретар во Министерството за правда во владата на СДСМ, Виктор Цветковски, кој беше кандидат за градоначалник на Куманово, како и ракометарот Стевчо Алушовски.

На промоцијата на ГРОМ беше присутна и професорката на Филозофскиот факултет во Скопје, Татијана Стојановска-Иванова. Во салата беше присутен и еден од најблиските соработници на Јакимовски, поранешниот директор на „Канал 5“ и АПЕМ,  Виктор Грозданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top