
Градскиот трговски центар избра решение со кое објектот ќе добие барокна фасада, јави „Алфа“. Според телевизијата, идејниот проект е на Жарко Чаушевски – автор на неколку идејни решенија за објекти од „Скопје 2014“.
Според идејното решение, кое наводно е избрано од комисија од неколку архитекти и директорот, ГТЦ ќе добие три куполи. Фасадата која ќе гледа кон Собранието добива десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со бројни скулптури. И другите страни на објектот добиваат соодветни украси, некаде со повеќе, некаде со помалку бронзени или елементи со златно-жолта боја. Во една од перспективите во барок се преслечени и фасадите на станбените кули во трговскиот за кои градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, вчера изјави дека неодамна распишал конкурс за избор на идејно решение.

Засега непотврдениот избор за нова фасада на ГТЦ доаѓа по неколку неуспешни обиди поради забелешки на комисијата. Пред распишувањето на последниот конкурс, сепак, старата комисија беше заменената со нова, која е и потписник на изборот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


