| четврток, 6 декември 2018 |

Младо момче среде бел ден нападнато во ГТЦ

Среде бел ден момче било нападнато во Трговскиот Центар во Скопје. Во 13 часот во Полициската станица Центар, се јавил 22-годишниот М.А. од Скопје да пријави дека истиот ден околу 12 часот и 15 минути, во тоалет во Градскиот трговски центар, неколку непознати лица извршиле разбојништво над него.

Насилниците на младото момче му одземале 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале.

По кратко време, во врска со настанот, во Полициската станица Центар биле приведени пет малолетници од Скопје од кои четири на 16-годишна возраст, а еден на возраст од 17 години.

По приведувањето кај едно од лицата бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен нож.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за можна поврзаност на групата со други кривични дела разбојништва извршени во текот на изминатиов период, со оглед на тоа дека полицискиот билтен секојдневно се полни со пријави за нападнати тинејџери и малолетници на скопските улици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top