Вчера во 13.00 часот во Битола, на ул. „Новачки пат“, во дворно место од објект во изградба, сопственост на Н.А. од Битола, В.С. (26) од Битола со скала се качил на ѕид, со цел да врши надзор над работата над другите работници, при што се лизнал и паднал на бетонска подлога.
Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Скопје: Земја затрупа работници – едниот почина на лице место
-
Работник тешко се повредил додека го поправал лифтот
-
Познат идентитетот на загинатиот работник: Колега го прегазил со „грејдер“ додека одел во рикверц (видео)
-
Трагедија: Загина градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци