Едно лице е задржано во битолската болница по тепачката што се случила вчера околу 13.30 часот во Кичево
По претходна вербална расправија и недоразбирање за огревни дрва, на ул. „Осојски пат“ настанала тепачка помеѓу лицата А.Х. (44) од Кичево и Т.М. (21) од Кичево, при што Т.М. со остар предмет му нанел на А.Х. повреди во пределот на лицето.
На истиот му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, по што бил пренесен во Медицински центар Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кичево, при што пронајден е нож и истиот со записник е подигнат од самото место. ПС Кичево презема мерки за документирање и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.