| четврток, 6 декември 2018 |

Kонцерт на Македонската филхармонија со врвниот Иштван Вардаи на виолончело

На 16 март (четврток) во Домот на АРМ во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт под наслов „ЧАЈКОВСКИ: СМЕА И ТАГА“, на кој како солист ќе настапи еден од најдобрите виолончелисти во светот, Иштван Вардаи од Унгарија. Повеќенаградуваниот уметник, кој свири на легендарниот инструмент Страдивариус „Ди Пре-Харел“ (1673), виолончело кое пред него било во сопственост на познатата Жаклин ди Пре, пред македонската публика ќе настапи со Рококо варијациите за виолончело и оркестар од П.И.Чајковски.

Под диригентската палка на маестро Кејс Скалионе, оркестарот на Македонската филхармонија по подолго време ќе ја изведе Шестата симфонија насловена „Патетична“ од рускиот гениј Чајковски, која се смета за најубавите симфонии на сите времиња. Од богатиот опус на Чајковски – оркестарска, камерна музика, балети, опери посебно место заземаат неговите симфонии, а меѓу нив е најпозната токму „Патетична“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top