Владејачката партија предложила да најголемите партии добиваат по 280.000 евра од Буџетот, почнувајќи од 1 јануари 2015 година, стои стои во Предлог измените на Законот за политички партии.
Според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој помина на прво читање во комисиската расправа, од 1 јануари 2015 година четирите најголеми парламентарни партии ќе имаат право да формираат сопствени истражувачки центри финансирани од државата. За оваа намена се предвидува партиите меѓу себе да си поделат 280.000 евра буџетски средства.
Пратеникот Антонио Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со овој предлог-закон само се пресликуваат искуствата од развиените демократии каде што ваквите институти финансирани од државата се реалност. Според Милошевски, овие истражувачки центри придонесуваат за поголема транспарентност и аналитичност на партиите и подобрување на демократскиот дух и дијалог. Во поглед на помалите партии, Милошевски рече дека не гледа пречка тие да ги користат услугите на ваквите институти, а во поглед на финасирањето времето ќе покаже како најдобро да се регулира тоа.
Милошевски потенцира дека прецизно со законот ќе биде регулирано политичките партии ниту на директен ниту на индиректен начин да не можат да се користат за финансирање на партиите.
Според предлог-законот институците треба да имаат од двајца до најмногу четворица вработени. А средставата од Буџетот ќе се распределуваат, 60% ќе ги делат сите четири центри подеднакво. Од останатите 40%, 35% ќе добива најголемата парламентарната партија, 30% втората по големина, 20% третата и 15% четвртата по големина парламентарна партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


