| четврток, 6 декември 2018 |

Арсова: Притисокот врз медиумите дополнително ја комплицира моменталната состојба

slavica-arsova-800x450

Целата ситуација е многу сложена и доаѓа во еден многу сензитивен политички период. Многумина очекуваа дека со изборите на 11 декември политичката криза ќе добие некаква завршница и ќе бидеме во фаза во која ќе има обединување, смирување на тензиите коишто не само нам, новинарите, кои секојдневно ги следиме настаните, не истоштија, туку и граѓаните, економијата, бизнисот. За жал, не беше така и постизборно гледаме дека кризата продолжува и се продлабочува, рече во Отвореното студио на ТВ Нова Славица Арсова, заменик главен и одговорен уредник во Сител.

Арсова потенцира дека во ваков сензитивен период дополнително се комплицира состојбата кога се атакува врз независните медиуми, односно кога се прави каков било директен или индиректен притисок врз нивното работење.

– Ние треба да ја имаме предвид целата слика кога го анализираме ова – дали е нужно во ваков период кога не знаеме во Македонија како и кога ќе се формира новата влада и медиумите како еден контролор на целокупното општествено функционирање да бидат ставени во некаква неизвесност. Дали е сега толку неопходно новинарите да чувствуваат дополнителен страв и тензија кога треба да бидеме тие што ќе го опсервираме целиот овој процес, вклучително и работата на СЈО, коешто беше една од клучните институции што произлегоа од Пржинскиот договор и коешто сега е прашање дали ќе добие продолжување на мандатот, прашува Арсова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top