| четврток, 6 декември 2018 |

Петрески: Ова е најнова, но не и последна станица во притисокот на СЈО врз медиумите

goran-petreski-800x450

Секако дека последниот случај што го отвори СЈО, односно, особено наредбата за притвор на сопственикот на ТВ Нова, не е ниту случајно, ниту во овој период ненамерно случајно, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова главниот и одговорен уредник на „Вест“, Горан Петрески.

Тој потсети и дека пред СЈО да го отвори случајот труст, и пред да биде дадена наредба за притвор на сопственикот на ТВ Нова, побара документација и на индиректен начин изврши притисок и врз други медиуми во Р. Македонија.

– Влезе во МПМ, најголемата новинско-издавачка куќа во Македонија, влезе во три од петте најголеми, најгледани и со најголема доверба телевизии во Македонија, така што ова што се случува во ТВ Нова сега е само врв, односно најнова, но не и последна станица во обидите на СЈО да изврши притисок врз оние медиуми кои критички го опсервираат нивното работење, рече Петрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top