| четврток, 6 декември 2018 |

„Ле Паризиен“ открива што им порачал Ајтекин на фудбалерите на ПСЖ!

ajtekin

Германецот со турско потекло, Дениз Ајтекин уште долго ќе се памети по контроверзните одлуки кои ги донесе на епскиот натпревар меѓу Барселона и ПСЖ во Лигата на шампионите, од едноставна причина што голем дел од играчите на ПСЖ и француската спортска јавност го посочија како главен виновник за неверојатниот кам-бек кој го направија каталонците на „Камп Ноу“.

Арбитражата на германскиот арбитар дополнително ќе биде разгледана од страна на европската судиска Комисија, а додека се исчекува дали ќе биде разрешен за понатамошните клучни натпревари во Лигата на шампионите, француските медиуми изнесоа сензационална информација поврзана за мечот кој се одигра на „Камп Ноу“.

Влијателниот „Ле Паризиен“ излезе со ексклузива дека главниот судија на натпреварот во неколку наврати ги потценувал, па дури и навредувал одреден дел од играчите на францускиот фудбалски шампион, а особено ситуацијата била драматична во 90-та минута од средбата кога покажа на белата точка по еден сомнителен пад на Луис Суарез.

Како што е познато најголем дел од играчите на ПСЖ му се нафрлија на Ајтекин за досудениот пенал, а според изворите на „Ле Паризиен“ добиени од инсајдер на клубот, судијата им се обратил на фудбалерите со зборовите „Ебе.. се“.

Како што информира истиот медиум, токму оваа фраза ќе биде разгледувана од повторените снимки од страна на УЕФА, по што навистина големи се очекувањата дека Ајтекин ќе биде испратен на ладење одредено време и дека нема да суди елитен натпревар во блиска иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top