Новинарската професија по правило треба да биде потрага по вистината и објективно известување. Задачата на новинарот како таков треба да ја подели вистината со јавноста, без обзир на тоа дали станува збор за обичен естраден трач или пак за ситуација која е од клучна важност за државната политика. Еден од таквите новинари бил Гари Веб, новинар во “San Hoze Merkury” и добитник на неколку врвни награди за истражувачко новинарство.
Гари Веб во 1988 година се вработил во “San Jose Mercury News” мала новинска куќа која била скоро и невидлива на мапата на американското новинарство во споредба со великаните како “New York Times”, “Washington Post” и останатите еминентни весници во САД.
Најчесто тој известувал за националната политика и иако работел во мали, не толку познат весници, сепак бил почитуван кај колегите, особено кај помладите кои постојано барале совет од него.
По осум години работа во “Mercury”, Гари Веб напишал приказна која го потресе американското општество и поради која освоил бројни новинарски награди. Меѓутоа, истата приказна која го качила на тронот и му го уништила животот.
Во 1996 година, Веб ја објави статијата во три дела под наслов “Dark Alliance” во која се документира и докажува дека ЦИА им дозволува на дилерите од Никарагва да продаваат огромна количина на крек и кокаин во САД (80те години) и дека од овие пари се финансирале контрашите чија цел била да ги уништат левичарските власти во Никарагва.
Контрашите кои сакаат да ја уништат левичарската влада
Веб ги објавил документите на веб порталот на “Mercury”, се со цел да им обезбеди на читателите пристап до нив, бидејќи се плашел дека во спротивно владата на САД ќе ја дискретира и прикрие сторијата.
Тој дошол до ваквите докази откако сопругата на еден нарко дилер ги ископирала сите документи на сопругот и му ги предала на Веб. Таа била бесна на правниот систем на Америка кој го осудила сопругот и покрај фактот дека тој соработувал со владата.
Приказната предизвикала вистински земјотрес во Америка, но и на светската сцена. Од тој момент започнал и пеколот на Веб – човекот кој бил подготвен да го брани новинарството до сам крај и човекот кој верувал во вистината.
Уредниците полека почнале да му поставуваат сопки, да ги преиспитуваат неговите извори, и тоа се поради притисоците кои што доаѓале од “горе”. Тој дури бил и сослушуван од страна на членови на ЦИА кои на индиректен начин му ја испратиле пораката дека “некои работи се премногу вистинити за да се објават.” На крајот на истата година тој ја добил наградата за “Најдобар репортер на светот”, а го изгласале неговите колеги.
Кокаинот од Никарагва продаван во САД
Огорчен од своите уредници кои го оставиле на цедило и без поддршка, Веб дал отказ. Поради тоа, тој никогаш не можел да работи во новинарството. Оние кои до неодамна се “грабале” за да го ангажираат, меѓу кои имало голем број еминентни весници, сега не сакале да слушнат за Гери Веб.
Сепак, неговата приказна не останала задушена. За тоа најмногу допринела афро-американската заедница, која излегла на улици и протестирала за тоа што на црните деца им се продава кокаин и крек по рекордно ниски цени, алудирајќи на епидемијата на зависност од кокаин и крек која ја зафатила црнечката заедница во осумдесеттите години, токму во времето на војната во Никарагва и обвинувања кои Веб ги упатил на сметка на владата на САД и ЦИА.
Во тоа време во кое приказната на Веб достигнала огромни пропорции и кога незадоволството на Афроамериканците го достигнала својот врв, направен бил преседан кој никогаш порано не бил забележан во историјата на САД: поранешниот директор на ЦИА, Џон Дојч, се сретнал со претставници на афро-американската заедница и одговарал на нивните прашања, а целиот состанок се емитувал на националната телевизија.
Барањата на секој од претставниците биле ЦИА да му овозможи на Гери Веб пристап до документацијата околу продажбата на дрога од Никарагва во САД. Еден месец подоцна, Џон Дојч поднел оставка од местото шеф на Агенцијата.
Веб пак бил потполни отсечен и цензуриран. Наместо пофални зборови, почнале да се појавуваат приказни за тоа дека има љубовница, дека пие, дека е нестабилна личност кои измислува приказни и извори. Исфрлен од сите весници, Веб почнал да пишува книга која подоцна е објавена под името “Мрачниот сојуз: ЦИА, контраши и експлозија на крек и кокаин”
Шест години подоцна, Веб е пронајден мртов во својот стан, со два куршуми во главата. Полицијата проценила дека е самоубиство, и покрај тоа што тој имал две прострелни рани во главата.
Гари Веб слепо трагал по добра приказна и по вистината. Сепак, неговата животна приказна најдобро е објаснета со извадокот од неговота книга:
-Да ме запознаевте пред пет години, ќе наидевте на најдобриот борец за правото во новинската индустрија….Освојував награди, добивав пофалници, предавав по универзитет, се појавував во најгледаните ТВ емисии што дури бев и судија на разни натпревари.
Тогаш ќе се запрашате: како таков човек денес го дели мислењето со луѓе како Ноам Чомски и Бен Багдикијан кои упорно тврдат дека системот едноставно не функционира и дека со него управуваат посебените интереси и моќните корпорации, и дека тој, всушност, постои само за да се заштити богатата елита?
Тогаш напишав неколку приказни кои ме наведоа да сфатам во колку голема и тажна заблуда сум живеел. Причина поради која што безгрижно пловев низ животот до тогаш и напредував во својата работа беше тоа што бев одличен новинар кој максимално се труди во својата работа. Или барем така мислев … до тогаш. Тогаш сфатив дека во славата и благосостојбата сум уживал само затоа што не сум напишал ништо важно, се до овој момент … “
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.