Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески дебиtira во дресот на германскиот шампион Рајн Некар Левен против Минден, кој „лавовите” го добија со 26:20. Тој влезе во игра уште во првото полувреме и со прецизен удар успеа да го матира гостинскиот голман во периодот кога „лавовите” се мачеа во фазата на нападот. На одмор неочекувано се замина со предност на Минден од 9:11, за потоа Некар Левен во вторите 30 минути да заигра во својот препознатлив ритам, лесно да го сврти резултатот во своја полза и да триумфира со конечни шест гола разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.