Програмата што вчера ја претстави СДСМ е рамка која треба да се догради за да биде сеопфатна и за прашањата кои се однесуваат на Албанците, смета движењето „Беса“.
Во денешното сооштение „Беса“ информираат дека во оваа фаза ќе се воздржат од коментар на деталите од претставената програма од СДСМ, бидејќи се уште не е деблокирано доделувањето мандат за претседателот не СДСМ, што, посочуваат, е процес кој создава можност за почнување преговори за создавање влада.
– Затоа дотогаш нема да коментираме, а откако ќе му биде доделен мандатот, и ние ќе се изјасниме со забелешки и сугестии, се со цел да се постигне една сеопфатна владина програма, секако со надеж дека тоа ќе се случи, соопштуваат од „Беса“ и истакнуваат дека и понатаму имаат разлики со СДСМ во однос на толкување на уставните одредби кои се однесуваат на употребата на албанскиот јазик.
Со ова се потврдува дека Заев ја договорил платформата од Тирна и продолжува да ја лаже македонската јавност дека не го прифатил тоа што веќе било договорено во Тирана. Тој се обидува да создаде слика кај јавноста дека ги брани македонските интереси, што не е точно, бидејќи, како што демантира Османи, имплементирањето на Платформата од Тирана е веќе договорено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами го потсетува Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на нивните барања
-
Движење БЕСА на Билал Касами: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ: Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент