– ДУИ не се согласува дека двојазичните банкноти и униформи се неуставни, изјави за „Радио Слободна Европа“ портпаролот на партијата Бујар Османи.
– Ние сметаме дека се целосно во рамки на Уставот како што и пасошите што се користат низ цела територија, па и надвор се двојазични веќе со децении – вели Османи.
Оваа реакција од ДУО доаѓа откако претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека уставните експерти што ги консултирале биле на ставот дека банкнотите се користат на целата територија на Македонија и евентуалната употреба на друг јазик при нивната изработка е спротивна на уставните одредби.
Со ова се потврдува дека Заев ја договорил платформата од Тирна и продолжува да ја лаже македонската јавност дека не го прифатил тоа што веќе било договорено во Тирана. Тој се обидува да создаде слика кај јавноста дека ги брани македонските интереси, што не е точно, бидејќи, како што демантира Османи, имплементирањето на Платформата од Тирана е веќе договорено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.