| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан Самитот на ПСЈИЕ во Охрид

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на прес конференцијата соопшти дека се откажува  Самитот на шефови на држави на ПСЈИЕ, кој требаше да се одржи  во Охрид.

„Државниот интерес и достоинството на Република Македонија ме обврзаа да ја донесам оваа одлука“, посочи македонскиот претседател.

Главна тема на Самитот беа климатските промени и природните катастрофи предизвикани од нив и регионалната борба со тие појави.

Што претходеше на откажувањето на Самитот

Подготовката на Претседателскиот Самит во Охрид ги редеа сликите на реалните односите во регионот.  Откако дводневната средба на шефови на држави на ПСЈИЕ во Македонија своето учество го откажаа грчкиот претседател Папуљас, како и бугарскиот Плевнелиев, и Албанскиот претседател се солидаризира со косовската колешка Јахјага, која пак не е поканета.Според тоа што го јавува белградски Танјуг од српската официјална дипломатија „Косово не е повикано на Охридскиот самит бидејќи Србија и уште две држави ставиле ’основани забелешки’, засновани на статусот на ПСЈЕ, кој предвидува дека на Самитот може да учествуваат само суверени и признати држави, а тоа не е Косово“. Покрај Србија, приговор за учество на Косово на Самитот стигнале и од БиХ и од Романија.

Од кабинетот на македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов, претходно беше соопштено дека Косово не е повикано на Охридскиот самит бидејќи Македонија не може без согласност на другите да го повика Косово, посебно ако е ставено до знаење дека поради таквите потези “некои земји членки би се откажале од учеството“.

Според Приштина, Србија го прекршува договорот, додека европски претставници сметаат дека договорот, технички, не е прекршен, но пак се посочува дека регионалната соработка подразбира вклученост на сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top