Протестите во Македонија влегоа во својата втора недела, а земјата веќе две години е во тешка политичка криза. Во интервју за Телеграф.рс, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека македонскиот народ е на нозе и дека нема да се повлече. Груевски во интервјуто за Телеграф.рс говореше за можните излези од кризата, односите со Албанците и ситуацијата во регионот.
На прашањето на дали протестите на улица може да ескалираат, Груевски вели дека гневот во народот е огромен.
–Кога имате стотина илјади луѓе на улиците секој ден, значи дека проблемот е сериозен и треба да се лоцира во кого е и зошто е тој револт и проблем. Единствено решение со кое би се смирил гневот на измамените граѓани е да се слушне нивниот глас. Заев и СДСМ треба да сфатат дека народот се противи на тоа што тие на преговорите ги ставија државните и националните интереси, додава Груевски.
Груевски вели дека срамно и недостоинствено кога се тргува со нешто за што се бореле и гинеле предците.
-Јас се надевам дека раководството на СДСМ ќе сфати пораката и ќе го послуша народот. Доколку тие тоа го одбијат исплашени поради уцени и ако се одлучат за Тиранска влада наместо одбивање на платформата, тогаш никој не може да каже како ќе се развива ситуацијата, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


