| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски за српски „Телеграф“: Македонија е на нозе, ако Заев не ја отфрли платформата, никој не може да предвиди како ќе реагира народот!

Протестите во Македонија влегоа во својата втора недела, а земјата веќе две години е во тешка политичка криза. Во интервју за српски „Телеграф“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели дека македонскиот народ е на нозе и дека нема да се повлече. Груевски во интервјуто говореше за можните излези од кризата, односите со Албанците и за ситуацијата во регионот.

Груевски ситуацијата ја опишува како тензична и неизвесна. Објаснува дека тешко може да се очекува што било друго, освен протести на граѓаните, кога, како што вели, се оди спротивно од нивната волја, спроведувајќи сценарио за целосно редифинирање на државата и за комплетна промена на нејзиниот концепт и минато, но и со изборни измами.

DSC_5173

За жал, минативе месеци тоа се случува во континуитет. Граѓаните својата поддршка на предвремените избори им ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, составена од 25 партии од сите етнички заедници – Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други. Граѓаните се решија за нашата програма и за проектите што ги нудевме. Тие им го свртеа грбот на Зоран Заев и на СДСМ, иако тој најавуваше убедлива победа на изборите – вели Никола Груевски.

Тој кажа дека народот застанал на страна на неговата партија и на коалицијата и покрај огромната финансиска и логистичка помош што Зоран Заев ја добивал од организацијата и од логистиката на Сорос и на странските центри.

Сега повеќето граѓани што гласаа за нас се чувствуваат изневерени. Поради одлуката на ДУИ да оди во коалиција со СДСМ, граѓаните се револтирани затоа што не се почитува волјата на повеќето Македонци. Партијата што победила во, условно кажаниот, македонски блок, партијата што има поддршка од мнозинството за реализација на програмата што беше понудена на изборите, сега е оневозможена во тоа поради одлуката на партијата што беше победник во албанскиот блок – нагласува Груевски.

Смета дека со тоа создава еден опасен преседан, чијшто главен столб би бил продажба и непринципиелна трговија со интересите на државата.

Заев им ветуваше мед и млеко на изборите, од ракав вадеше ветувања за сè и сешто за сега, по изборите, да им соопшти дека прифаќа платформа креирана во соседна држава со која треба да се направи целосно редефинирање на земјата. Од мултиетничка и граѓанска држава да стане бинационална, двојазична и од унитарна да се приближи на федерална. Круна на сето тоа треба да е промена на името и на идентитетот по пример на нашиот јужен сосед – вели Груевски.

igor

На прашањето на дали протестите на улица може да ескалираат, Груевски вели дека гневот во народот е огромен.

Кога имате стотина илјади луѓе на улиците секој ден, значи дека проблемот е сериозен и треба да се лоцира во кого е и зошто е тој револт и проблем. Единствено решение со кое би се смирил гневот на измамените граѓани е да се слушне нивниот глас. Заев и СДСМ треба да сфатат дека народот се противи на тоа што преговараа за државните и за националните интереси – додава Груевски.

Груевски вели дека срамно и недостоинствено кога се тргува со нешто за што се бореле и гинеле предците.

Јас се надевам дека раководството на СДСМ ќе ја сфати пораката и ќе го послуша народот. Доколку го одбијат тоа исплашени од уцени и ако се решат за тиранска влада, место одбивање на платформата, тогаш никој не може да каже како ќе се развива ситуацијата – истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Tan2017-3-3_192725889_15

Политичките противници го обвинуваат Груевски дека стои зад граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и протестите. Тој вели дека со тоа му прават чест, но дека тие тврдења не се точни.

Се работи за една лага на СДСМ, која секогаш имала проблем да сфати дека народот е мудар и дека не можеш да го излажеш. За нив постојат само луѓе што за пари би одработиле протести, како што се случуваше во т.н. шарена револуција. Затоа не можат да сфатат и да видат кога имаме автохтон револт на граѓаните. Во Македонија се раѓа една нова светлост на автентично дејствување на народот соочен со предизвикот на својата генерација, и тука не се потребни партии или поединци, затоа што идејата е главна водилка, помоќна од партијата и од лидерот. Ова што од ден во ден го гледаме е јасен сигнал дека народот ја отфрла политиката на Заев и сето тоа што се случува во Македонија – вели Груевски.

Tan2014-4-27_22612356_0

Груевски во интервјуто уште еднаш повторува зошто тиранската платформа не е прифатлива за него и за неговата партија. Основна причина е, како што вели, тоа што е составена во Тирана.

Како што признаа од партијата Беса, платформата ја составиле од албанската влада, а е потпишана под патронат на Еди Рама. Сосема е неприфатливо акт на туѓа држава да биде основен документ по кој ќе се формира идната владина коалиција – нагласува Груевски во интервјуто.

Тој смета дека платформата се негира со Уставот и со основните начела по кои е конституирана Македонија и води кон раздор во државата.

Со воведувањето двојазичност и со условувањето да се реши прашањето за името во најкраток можен рок целосно се чепка во идентитетот на Македонија. Се влегува во една опасна авантура, која ќе има соодветни чекори. Следува кантонизација и федерализација, а инспираторот на ова црно сценарио, веројатно, очекува целосно распаѓање на државата во финалната фаза. Тоа, сигурно, ќе доведе и до регионални предизвици – кажа Груевски.

Tan2016-10-28_125238704_5

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апелира сите соседи на Македонија да се воздржат од какви било активности што дополнително би можеле да ја отежнат ситуацијата.

-Заеднички треба да го поминеме периодот што е полн со предизвици за целиот регион. Заев не е Македонија, Заев е исклучок што не смее да се наметне како репер и вредност бидејќи тоа е веќе лошо.

Нагласува дека последиците од евентуалното усвојување на платформата би биле огромни.

-Тие нема да застанат само во границите на Република Македонија. Веќе гледаме што се случува во целиот регион како реакција на платформата. И Србија и Грција и Бугарија се, во извесна смисла, загрозени. Човекот уште не дошол на власт, а успеа да нè испокара со сите. Со некои со кои, можеби, сме имале некои разлики, сега не само што ги продлабочува, туку им дава и друга суштина – вели Груевски и нагласува дека Србија жестоко реагирала затоа што платформата, меѓу другото, предвидува осуда на Србите за геноцид над Албанците.

– Што е уште поризично, нејзиното усвојување ќе испрати сигнал и на другите земји во регионот да работат на ист принцип. Да подготвуваат платформи и да ја користат секоја можност за уцена на соседите. Тоа не води кон мир и стабилност во регионот. Во конкретниот случај, Заев е тој што е подготвен да прифати и да подлегне на уцените за спроведување нечии туѓи агенди. Во иднина, тоа ќе биде некој друг Заев, во некоја друга држава, а некој друг народ ќе го брани својот идентитет на улиците – предупредува Груевски.

Меѓутоа, Груевски не може да ја предвиди реакција на Албанците, доколку не се прифатат нивните предлози.

-Не знам и не можам да претпоставам. Сè е ова манипулација со Албанците во земјата. Нивниот живот нема да се подобри ако имаат двојазичност во Штип или Струмица каде што нема Албанци, а ќе се подобри ако продолжиме со привлекувањето ивнестиции и отворање нови работни места, зголемување на стандардот, со поголеми пензии, плати, субвенции во земјоделството, подобро образование и на албански јазик, подобро здравство и инфраструктура – изјави Груевски за „Телеграф“.

Zoran-Zaev

Тој вели дека не е изненаден од барањето на албанските партии, туку е изненаден и разочаран од подготвеноста на СДСМ да прифати сè што било побарано.

– Партиите на Албанците се најдоа во ситуација со 20 пратеници да решаваат кој ќе ја состави идната влада. Тие беа изненадени во кампањата кога СДСМ, соочена со поразот на изборите и со можноста дел од нивното раководство да одговара за корупција и за криминал, да излезат со понуда до Албанците, која тие ја немаа во план. Затоа, кога видоа дека ова е шанса за уцена, настапуваат максималистички. Кога ќе видат дека СДСМ е подготвен да лицитира со државните и со национални интереси, сосема е нормално да ја кренат цената за својата поддршка – вели Груевски.

Груевски го обвинува Заев дека во текот на кампањата во Швајцарија пред албанската дијаспора изјави дека рамките во Охридскиот договор не се доволни и дека треба да се надминат, и дека кантоните во Швајцарија се пример на кој треба да се угледаме.

Груевски се надева дека нема да дојде до повторување на воените случувања од 2001 година.

– Ситуацијата е променета во однос на 2001 година. И регионално и меѓунардоно, но и дома, во секој поглед. Рамковниот договор е речиси целосно реализиран. Албанците во Македонија ги уживаат правата што ги нема ниту една друга етничка група, никаде во регионот и пошироко. Во комуникацијата што ја откри полицијата меѓу Зоран Верушевски и другите што заедно со Зоран Заев беа осомничени во случајот „Пуч“, се заговараше украинско сценарио, граѓанска војна и крв до колена. Не смееме да дозволиме да стигне дотаму. Но нема да ниту да преспиеме додека ни се распаѓа државата – исткнува Груевски.

На прашањето како дошло до прекинување на соработката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, најголемата партија на Албанците во Македонија, која беше долгогодишен коалициски партнер на неговата партија, Груевски вели дека главна причина бил принципиелниот настап на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што одбила какви било условувања.

– Самата наша почетна позиција беше кристално јасна. Влада да, но не по секоја цена. Платформата од Тирана ја исфрливме од самиот почеток. Ние немаме проблем со унапредвуањето на правата на Албанците, вклучувајќи ги и јазичните во тие делови што имаат застапеност повисока од 20 проценти, но никако не се согласуваме на воведување двојазичност на целата територија. Не можеме да поддржиме менување на банкнотите, ниту голем број други елементи од платформата – геноцидот, знамето, идентитетот, грбот, химната и слично. Тоа се основните причини. На ова прашање посветивме најголем дел од времето во текот на преговорите – кажа Груевски.

Тој излезот од кризата го гледа во два правца. Вели дека оваа пролет треба да се одржат редовни локални избори.

– Тоа е добар термин за одржуање и нови предвремени парламентарни избори. Ниту државата, ниту партиите нема да имаат дополнителни трошоци, а народот ќе добие можност да се изјасни за платформата од Тирана. Народот воопшто не беше прашан за оваа платформа на изборите во декевмри. А државата е на народот, а не на Заев. Ако Зоран Заев и партиите на Албанците се убедени дека таа е добра за иднината на земјата, нека се охрабрат и нека ја стават на гласање. Граѓаните нека решат дали сакаат во иднина Македонија да се редефинира во правецот на платформата – истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Tan2016-12-11_14500727_0

Друг излез што го нудиме е ако албанските партии го донесат на власт, СДСМ да ја отфрли платформата од Тирана и реализацијата на сите елементи во неа, продолжува Груевски.

-Во тој случај би го поддржале Зоран Заев да формира влада во период што заеднички би го договориле, иако ги изгуби последните избори. Тоа е помала штета за држата отколку усвојување на платфромата – вели Груевски.

Тој не ја исклучува можноста за повторна соработка со ДУИ, но под други услови.

-ДУИ реши да го погази принципот „победник со победник“, кој на нивно барање го воспоставивме во 2008 година. Тогаш нивниот аргумент беше „зошто Албанците би оделе на гласање ако победникот во македонскиот блок одлучува кој би влегол во влада од албанскиот блок“. Сега тој принцип е поништен. Победникот во албанскиот блок реши да даде поддршка на поразениот во македонскиот блок и со тоа практично Македонците ги испрати во опозиција. Не гледам зошто мнозинството Македонци во иднина би размислувале дали е соодветно застапено мнозинството Албанци. На сцената се јавуваат нови политички субјекти во албанскиот блок, па во иднина на победникот во македонскиот блок веројатно ќе му поедноставно да направи избор – ја појаснува ситуацијата Груевски.

Сепак, Груевски му нуди соработка на СДСМ, но вели дека, според нивните реакции, тешко дека би можеле да соработуваат со актуелното раководство на СДСМ.

-Се разликуваме како ден и ноќ. Ние сме за унитарна мултикултурна Македонија, а тие за платформата од Тирана и за бинационална држава. Ние се бориме за државните и за националните интереси, а тие за „виткање кичма“. Ние носиме странски инвестиции и ја намалуваме невработеноста, а тие оставаат стотина илјади луѓе на улици затворајќи фабрики. Ние ги зголемуваме пензиите и платите, а они крадат. Ние делиме субвенции за земјоделците, а они немаа предвиден ниту денар за нив додека беа на власт. Ние покажавме огромни резултати во борбата против криминалот и корупцијата, а они нас истовремено нѐ напаѓаат за корупција без аргументи, а нивните градоначалници како Заев на пример отворено бараат мито од сите фирми во општината дури и кога тоа го гледа цела држава на телевизија со видео снимка направена по легален пат од страна на јавното обвинителство, тие не се срамат од тоа – вели Груевски.

Додава дека се работи за два различни концепти.

-Сепак, тоа што е поголемо од нас е љубовта кон Македонија. Затоа и понудивме соработка. Ќе ги поддржиме СДСМ во сѐ, дури и во ударите против ВМРО-ДПМНЕ, само, само да се откажат од платформата од Тирана. Многу помала ќе биде цената која сите ќе ја платиме во тој случај – вели Груевски.

Skoplje-Makedonija-blokada-grada-protest-protesti-1

Тој смета дека притисоците од ЕУ и од НАТО на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, сепак да му го даде мандатот на Заев, се непотребно мешање во внатрешните работи.

– Ова го говорам генерално, затоа што мислам дека во Македонија има доволно демократски капацитет и мудрост сама да донесува одлуки. Во конкретниот случај најдобро би било за коментар да го прашате претседателот Иванов, кој сигурно има доволно аргументи за одлуката која ја донел – вели Груевски.

DSC_5209

Додава дека политичката криза влијае на економијата од повеќе аспекти.

-Овие две години и покрај кризата сѐ уште бележиме пораст и тоа многу солиден, благодарение на огромниот капитал и сѐ што направивме пред почетокот на политичката криза. Дел од компаниите со кои контактиравме како идни ивеститори, а кои покажаа голем интерес за инвестирање во Македонија, сега се повлекуваат. Ист таков ефект е и на евро-атланските интеграции. Позитивно во целата приказна е што Република Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и за почнување на преговори за членство во ЕУ. Освен што не го надминавме проблемот кој Грција го има со нашето име. Се разбира дека е лошо што сегашната криза прави дефокус од следните реформи кои ни беа неопходни и со самото дополнително може да нѐ запре на патот кон целосно приклучување кон НАТО и ЕУ – кажа Груевски.

Protesti-u-Makedoniji-7

На прашањето како актуелната ситуација може да влијае на регионот, тој вели дека регионот е ознат по што случува често се одвиваат по принцип на споени судови.

-Лесно се случува кризата во една земја да се прелее во друга. Многу интереси се прелеваат на Балканот. Кога на тоа ќе се доадат десетици, па и стотина илјади мигранти што можат да тргнат на т.н. балканска маршрута оваа пролет, целата ситуација станува уште покомпликувана. Покрај тоа, нема многу земји во регионот што очекуваат различни избори, па реториката веројатно ќе се вжешти и малку ќе недостига да пламне – предупредува Груевски.

Vucic-gruevski

Истакнува дека со српската Влада има искрени и пријателски односи.

– Секогаш сме се труделе да ги затвориме сите отворени прашања, бидејќи како соседи и како пријателски народи секоја соработка ни помага и нам и на Србија. Со српската Влада организиравме и заедничка владина седница, а реализиравме и други бројни заеднички проекти со кои сакавме да дадеме пример како може и како треба двајца соседи заемно да се почитуваат и да соработуваат. Со ретки исклучоци, можам да кажам дека со српската влада имаме одлични односи – заклучи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top