| четврток, 6 декември 2018 |

Тарчуловски бара обединување на сите здруженија на бранители

Johan-Tarculovski-precek-5

Здруженијата на бранителите кои самостојно дејствуваат во Република Македонија треба да се обединат во едно здружение бидејќи имаат исти интереси, рече денеска Јохан Тарчуловски за време на престојот во Битола.

– Поканата, и мојата лична желба е, за обединување на сите организации на бранители во едно здружение што ќе ги штити правата на семејствата на бранителите. Упатувам замолница до сите оние што тоа не го посакуваат и се трудат бранителите да ги одведат во други води тоа да не го прават бидејќи е на нивна штета. Ќе се трудам сите да ги соберам заедно, на една маса и со една цел, а тоа е Македонија, истакна Тарчуловски.

Престојот на Тарчуловски во Битола се одвиваше на покана на градоначалникот Владимир Талески со кого положија цвеќе пред споменикот „Ангел“ посветен на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година.

– Јохан со личен пример покажа како се сака својата татковина. Понудивме богата програма затоа што многумина сакаат да се сретнат со Јохан Тарчуловски. На овој исклучителен човек кој што плени со својата скромност, со својата храброст и со своето достоинство, човек кој застана на браникот на својата татковина му посветивме време како на голем јунак, истакна Талески.

– Мене ми е најважно семејството, а за понатаму како Господ ќе каже, одговори Јохан Тарчуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top