Пукање во Скопје, младо момче било рането синоќа. Се работи за 28-годишниот Г.Б., кој се бори за живот откако синоќа во 4 часот и 35 минути на улицата „Фуштанска“ во Скопје, започнал расправија со неколку непознати насилници.
Полциијата информира дека насилниците дошле со возило на улицата и едниот од нив извадил пиштол и пукал кон скопјанецот и му нанел прострелна рана во пределот на десната натколеница и други повреди.
Напаѓачот избегал со возилото, а повредениот бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ каде што му се констатирани тешки повреди и се бори за живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.