Шест лица се повредени во пет од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две е причинета материјална штета.
Од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 13 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина, пет возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница, 12 возачи поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи возеле со неважечка сообраќајна дозвола или без возачка дозвола. Затекнати се и 40 непрописно паркирани возила. Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 43 возила.
Во рамки на сообраќајновоспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе одржи едукативна работилница со учениците од четврто одделение во ООУ „Димо Хаџи Димов“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот