| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ преку СЈО се пресметува со медиумите што не им се под контрола: Поранешната сопруга на министерот на СДСМ Владо Димов реши да го притвори Сеад Кочан

Сопругата Владо Димов, министер во времето на СДСМ, кој преку изигрување на законите се здоби со противправна корист и сè уште е во бегство, Гордана Димова, донела одлука за притвор на Сеад Кочан.

Зад одлуката за притвор не постојат правни образложенија, туку политичка мотивираност и тоа преку директна поврзаност со СДСМ. Сопругата на сдсмовскиот министер што се гони за злоупотреба на службена должност, Гордана Димова, имала и лична мотивираност за донесување таква противправна одлука.

Веројатно пресудна за одлуката била и средбата со Мирослав Вуиќ, адвокат на раководството на СДСМ, кој со Гордана Димова имал долг разговор во текот на вчерашниот ден.

За СДСМ има две главни причини поради кои сакаат да му се одмаздат на Кочан. Прво, Сеат Кочан е сопственик на медиум што не е под контрола на „Павел Шатев“ и кој без страв и резерва го пренесува гласот на народот и ја информира јавноста. Втората причина за одмазда е испраќање порака и заплашување на припадниците на етничките заедници дека ќе се соочат со последици доколку не ја прифатат платформата од тирана.

Гордана Димова Спировска е избрана за судија во 1987 година, а потоа реизбрана со политичка одлука на СДСМ во 1996 година. Таа е една од шестотините судии што во собранието на СДСМ, без присуство на опозицијата, со едно гласање беа избрани или реизбрани за судии.

Нејзиниот поранешен сопруг Владо Димов стана актуелен кога како министер за здравство купуваше скапи бисери со државни пари за своите колешки. Имаше и други случаи за незаконито работење и злоупотреба на сужбената должност како министер. Последната информација за Димов е дека живее и работи во Бугарија како хирург со бугарско име Владимир Димов, со цел да ги одбегне органите на прогнот.

Откако Владо Димов почна да работи во Бугарија, судијката Гордана Димова се разведува од него, а нејзин втор сопруг е адвокатот Евто Спировски, кој, исто така, важи за близок до Социјалдемократскиот сојуз и во повеќе наврати е правен застапник на функционери и луѓе од СДСМ што имале проблем со законот.

Тој е правен застапник на рекетари и хулигани што се отворени поддржувачи на Заев, како што е случајот на Харун Хаџибулиќ, кој беше обвинет во случајот на убиство и кој моментно е во бегство надвор од државата.

Тоа што може да се забележи кај судиката Гордана Димова е нејзината солидна материјална и финансиска состојба. Таа заедно со нејзиниот брачен другар има три стана, како и две куќи, две деловни простории во Скопје и четири автомобили меѓу кои „ауди“ и „мерцедес“.

Инаку случајот „Труст“ за кој се сомничи Сеад Кочан е без правна основа. Откако кривичниот суд веќе еднаш го одби барањето за притвор, на жалбата на СЈО, судскиот совет под покровителство на Гордана Димова донесе скандалозна одлука за притвор. Освен немањето правна основа, ова може слободно да се толкува како атака на СЈО на медиумите бидејќи, меѓу другото, Кочан е сопственик и на телевизијата „Нова“ преку што се сака да се изврши политичко влијание и порака на СДСМ до медиумите.

Инаку се работи за случај на СЈО за ископ на јаглен од Суводол во Битола, за потребите на РЕК „Битола“, при што се осомничени управителот на „Трансмет“ Кочан, второосомничен е управителот на „Силекс неметали“ и управителот на „Ваго“ д.о.о. – Студеничани, кои склучиле договор со ЕЛЕМ. Упатените велат дека се работи за типично монтиран случај без правен основ.

-СЈО ги доби сите документи што ги бараше, а јас лично направив увид во целата тендерската постапка и тврдам дека била водена според тогашниот закон за јавни набавки –  рече директорот на ЕЛЕМ, Мицкоски.

Тој тврди и дека направил увид во тоа што се барало во тендерот.

– Сето тоа што е сработено е наплатено и нема никакви отстапувања од законот – рече Мицкоски.

Ваквата одлука на Судот зад која стои политичка пристрасност на СЈО е дел од поширок оркестриран напад што е насочен кон медиумите што не се под контрола на СДСМ: Освен ТВ „Нова’, СЈО упадна и во МПМ, која ги управува трите водечки дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, во „Сител“, „Канал 5“, во новинската агенција „Нетпрес“. Познавачите на состојбите ова го опишуваат како директен брутален притисок врз десетици медиуми што не се под контрола на СДСМ.

Од друга страна, СЈО и судот со ова прават и директна атака врз бошњачката заедница во Македонија, чијшто преставник и долгогодуишен застапник и поборник за нивните права е токму Сеад Кочан, кој е и претседател на Здружението на Бошњаците од Македонија.  Бошњаците, меѓу другото, се изјаснија и против платформата на СДСМ и на ДУИ, која е основа на нивниот коалициски договор, а со кој се фаворизира албанската заедница, а се запоставуваат правата на сите други заедници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top