Во Струмица вечерва се оддржа протестен марш за поддршка на граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.
Од градскиот плоштад „Гоце Делчев“, граѓаните упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и против двојазичноста.
Пред граѓаните се обратија неколкумина говорници кои испратија пораки на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Професорот Павле Стојанов со стихови од Гане Тодоровски, кои ја опеваат силната љубов кон татковината, иако, како што рече, напишани одамна секогаш се актулени и погодни, зошто кај нас во насока на македонскиот национален идентите иако многу се менува, ништо не е променето.
Од градскиот плоштад, групата граѓани се упати низ централното градско подрајче со транспарент во раце „За заедничка Македонија“ и со пеење патриотски песни.
Протестот помина мирно без инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.