| четврток, 6 декември 2018 |

Кашичките ХИПП полни со опасен арсен кој е канцероген

Во кашичките за бебиња ХИПП пронајден е опасен арсен и тие се забранети од Министерството за здравство на соседна Србија, објави српски Блиц.

Санитарната инспекција забранила да се увезуваат во Србија, затоа што тие не одговараат на прописите предвидени со Законот за безбедност на храна и Правилникот за здравствена исправност на детските производи во поглед на присуството на арсенот, се наведува во соопштението на Министерството.

Направена е и лабартаториска анализа во Градскиот завод во Белград, а увозникот  „Alca trgovina” се изјасни дека не сака друга супер анализа.

Спорните кашички ќе треба или да се вратат назад или да се уништат на безбеден начин.

Од компанијата „Alca” која ги увезува австриските ХИПП велат дека оваа храна била за промотивни цели.

Велат дека се работи за артикл од 20 г кој ниту се продавал, ниту ќе се продава и нема врска со редовните артикли.

Велат дека има арсен кој е дозволен по прописи на ЕУ, но не и по српските стандарди.

Објаснуваат дека се откажуваат од анализи затоа што немаат намера овие производи да ги продаваат.

Додаваат дека сите нивни производи на пазарот се здрави.

Арсенот е опасен за имунитетот и може да предизвика и канцер.

Тој е поврзан со оштетување на нервен систем, бешика и други органи, а посебно е опасен за деца.

 

извор: Фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top