СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда при семејно насилство.
На 22.02.2017 година околу 18.30 часот, на ул. „Народна Револуција“ во Куманово, пријавениот започнал вербална расправија со неговиот десетгодишен син, по што физички го нападнал, нанесувајќи му телесна повреда во пределот на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.