Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша преку својот профил на „Твитер“ му одговори на поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи, Карл Билд, кој „твитна“ за случувањата во Македонија.
Реакцијата на Јанша дојде откако Билд на својот профил на „Твитер“ праша дали Европската народна партија (ЕПП) ќе реагирала на тоа што македонската владејачка партија си играла со оган во сѐ повеќе нестабилниот регион.
На ваквата констатација на Билд, Јанша возврати:
– Не, Карл. Вашите пријатели го предизвика овој оган кога помогнаа да се уништи стабилна, проевропска конзервативна влада…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.