Синоќа, историскиот пресврт на Барселона и триумфот од 6-1 над ПСЖ ја фрли во сенка убедливата победа на Борусија Дортмунд, која на германскиот тим му донесе ново четвртфинале во Лигата на шампионите.
Борусија со 4-0 славеше над португалскиот шампион Бенфика, а по мечот стратегот на „милионерите“ Томас Тухел изјави дека нивната победа требаше да биде водечка вест на вечерта, но на крај благодарение на историскиот пресврт на Барселона, испаднаа здодевни.
– По победа во соблекувалната бевме многу возбудени. Во тоа време Барса водеше со 4-1 и на само две минути до крајот на мечот го постигна и петтиот гол. Во тие моменти сите погледи беа насочени кон телевизорот и се чувствуваме како да сме дел од „Камп Ноу“. Имавме чувство дека Барса ќе постигне уште еден гол, и кога се случи тоа и овде беше лудо. Требаше да бидеме водечка вест на вечерта, но на крај по вина на историскиот пресврт на Барселона, испаднавме како здодевни – смета Тухел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.