| четврток, 6 декември 2018 |

„Филмоција“ – студентски филмски фестивал на Академијата во Охрид

На Филмската академија во Охрид денеска почнува второто издание на студентски филмски фестивал – „Филмоција“ (Feelmotion).

Тридневната фестивалска програма предвидува проекции на филмови, работилници и мини концерти, со учество на авторски трудови на студенти од универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип,  „ЕСРА“ и „ФДУ“ од Скопје, Тетовскиот универзитет  „Хасан Приштина“ од Косово, „ФАМУ“ од Чешка, „ФДУ“ од Цетиње од Црна Гора, Универзитетот „Јашар“ од Турција и „Национална академија за театар и филм од Бугарија.

Официјалното отворање на фестивалот е предвидено за вечерва од 19 часот со проекција на филмот „90 Minutes – Berlin Project” на Иво Трајков, додека просториите на академијата ќе останат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија.

Влезот за сите случувања во рамки на фестивалот е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top