| четврток, 6 декември 2018 |

Скопското лизгалиште ќе „трешти“ со електро – втор „Сан енд Фан“ фестивал во Скопје

Легендите на електронската музика Марко В (MARCO V), Етника (ETNICA) и Плејадианс (PLEIADIANS), како и многу останати артисти, ќе настапат на второто издание на „Сан енд фан“ („SUN and FUN”) фестивалот.

– Примарна цел на овој музички настан е понудата на ексклузивна, квалитетна фестивалска програма и запознавање во живо на домашната и странската публика со музичките видувања на врвните светски и македонски современи музички имиња од светот на урбаната музика-  вели Дарко од Продукција „Сонце“, која е организатор на настанот.
За таа цел, менаџерскиот тим, ја подолжува серијата на урбани журки со холандскиот супер стар дј – MARCO V, човекот кој задолжително е дел од најголемите светски случувања како што се Туморовленд (TOMOROWLAND), Снесејшн Вајт/Блек (Sensation White/Black), АСОТ (ASOT) и Транс Енерџи (TRANCE ENERGY).

Сред урбаната џунгла на просторот на Скопското лизгалиште, на две концептуално различни сцени, покрај Марко на фестивалот ќе настапат и  татковците на психоделичниот транс, пионерите Етника и Плејадианс, како и домашните диџеи Вавура, Боби, Даре, Соундкила, Дејан Доги и други.

На фестивалот кој ќе се одржува во сабота на 8-ми јуни на Скопското лизгалиште, организаторите најавуваат спектакуларно ласерско шоу, 3Д визуелни анимации, УВ декорации и уште неколку изненадувања.

Фестивалот ќе располага со ВИП платформа за сите оние што сакаат да добијат сепаре или висока маса.

Влезниците во предпродажба во Југотон, Офис Плус (Рамстор, Сити мол, ГТЦ, Палома Бјанка), Цвеќара Розе Веро 2, Камарад во Рамстор, Кафе Круг – Аеродром и во ОНЕ салоните ширум републиката, од 29-31 мај ќе чинат 200 денари, додека пак од 01-08 Јуни цената е 250 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top