| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени 42 лица на концерт на Снуп Дог

Најмалку 42 лица беа повредени минатата ноќ при уривање на ограда на концерт на раперот Снуп Дог во градот Камдан во американската сојузна држава Њу Џерси.

Како што јави ТАСС, инцидентот се случил кога под притисок на насобраните гледачи се урнала оградата што ги раздвојувала бината и просторот за гледачите во отворениот амфитеатар на кој се одржувал концертот.

Поради инцидентот, концертот на Снуп Дог бил прекинат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top