| четврток, 6 декември 2018 |

Новата влада во Македонија од национален интерес за Албанија: Албанските медиуми пред Нова година ја објавиле Албанската платформа

rama-alb-medАлбанските медиуми уште кон крајот на минатата година пишуваа дека премиерот на Албанија Еди Рама подготвил документ за сите албански партии со Македонија кои добиле мандати на изборите. И покрај обидите за негирање дека Платформата на албанските партии од Македонија е создадена и потпишана во Тирана, албанската телевизија „Визион плус“ на 28 декември објави информација, која подоцна беше пренесена од повеќе медиуми, дека платформата е составена од албанската влада.
-Официјална Тирана има подготвено нацрт-документ за албанските политички партии во Македонија. „Визион плус“ дознава дека утре премиерот Еди Рама ќе им го пренесе овој документ на лидерите на политичките субјекти. На тој документ се бара унификација на интересите на Албанците, објави телевизијата.

Албанските партии ги имаат веќе потврдено овие информации во врска со средбата со премиерот на Албанија.

-Формирањето на нова Влада во Македонија претставува еден посебен интерес за официјална Тирана. Формирањето на Влада во Скопје дефинитивно зависи од ставот кој ќе го заземат албанските партии таму. Албанската Влада има подготвено еден советодавен документ за сите албански партии во Македонија каде ја пренесува својата позиција околу ставот на албанскиот фактор во соседната држава. „Визион Плус“ дознава дека албанскиот премиер Еди Рама ќе го предаде ова писмо на состанокот во четврток со лидерите и претставниците на албанските политички субјекти, велат од албанската телевизија.

Во прилогот на телевизијата се наведува дека најголемиот интерес на официјална Тирана е да има едно покомплетно претставување во идната Влада во Скопје, а со цел да се предизвика конструктивен притисок од овие субјекти за одбрана на интересите на сите Албанци во Македонија.

-На овој документ му претходеше и една средба на премиерот Еди Рама со лидерот на ДУИ – Али Ахмети пред некое време. Основна тема на состанокот бил резултатот од изборите во Македонија, а акцент е ставен и на фактот дека Албанците имаат одлучувачка улога при формирањето на новиот кабинет на владата, објавува албанската телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top