Баерн Минехн повеќе од успешно ја заврши и затвори осминафиналната пресметка со Арсенал (10-2) и сега со мирна глава може да се проследи останатите мечеви од оваа фаза по што нормално ќе го добие противникот за четвртфиналето.
„Баварците“ и пред почетокот на сезоната беа еден од главните фаворити за титулата, а сега полека , но сигурно ја креваат формата и секако се се поблиску до оставрување на таа цел. Еден од играчите кој е многу важен во остварување на тој успех е ветеранот Чаби Алонсо кој си има своја желба за идеално финале во ЛШ.
Тој сака да излезе на мегдан против поранешниот негов клуб Реал Мадрид.
-Финале меѓу Баерн и Реал нема да биде лошо. Мислам дека Реал и Атлетико се најсилните тимови и ќе биде подобро да се сретнеме подоцна во натпреварувањето -истакнал Алонсо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.