| четврток, 6 декември 2018 |

Со украден болнички печат, си набавувал лекови

pecat

Млад стружанец го украл печатот на Медицинскиот центар во Струга и му го дал на пријател, а тој со со него си набавувал лекови за продажба.

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против Т.Н(24) од Струга, за кривично дело одземање или уништување службен печат или спис.

При извршен претрес во станот на Н.П се пронајдени два печати, кои претходно биле пријавени за украдени од Медицинскиот центар во Струга,  при што е утврдено дека печатите му ги дал пријавениот, кој ги украл и злоупотребил при набавка на лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top