
Богдан Обрадовиќ, некогашниот селектор на Дејвис Куп селекцијата на Србија за српските медиуми откри дека на Ноле под итно му е потребна помош, а тој е подготвен да ја пружи доколу тенискиот ас ја побара.
– Мора да се направи длабока и детална анализа. Бидејќи Ѓоковиќ е сам свој господар знае што најмногу му е потребно, а јас сум подготвен да му помогнам. Дефинитивно Ноле не е оној истиот од минатата сезона, неговата игра е бавна, кондициски е многу паднат, а се чувствува дека и мотивацијата не му е на потребно ниво, па затоа сметам дека под итно му е потребна помош. Често ми се лутеше кога директно ќе го критикував, но јас секогаш му посакував сè најдобро, и тој знае колкава е мојата љубов кон него – изјави Обрадовиќ.
Ѓоковиќ новата сезона ја започна со триумф над Мареј во финалето во Доха и се очекуваше дека лошиот крај од минатата сезона е веќе минато, но во Австралија Опен беше поразен во второто коло, а вчера во Акапулко беше надигран од Ник Кирјиос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


