| четврток, 6 декември 2018 |

Девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа

soobrakajka

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди во кои е констатирана материјална штета. Сообраќајната полиција вчера санкционирала пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, 15 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 20 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 37 непрописно паркирани возила. Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 50 возила.

Во рамките на сообраќајно­воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top