| четврток, 6 декември 2018 |

Ако во Гевгелија има двојазичност, нема да им донесе подобар живот на Албанците во Македонија

Двојазичноста би помогнала во населени места каде што Албанците се над 20 отсто од населението, како што и стои во Уставот, но не во места каде што нема Албанци, изјави вечерва Богдан Илиевски, еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, во неговото гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

– Ако во Гевгелија има двојазичност, тоа нема да им донесе подобар живот на Албанците во Македонија – потенцираше тој.

Илиевски вели дека јазикот не’ обединува, а не не’ разединува, посочувајќи дека двајца граѓани од различни етнички заедници би се разбрале на македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top