Јас сум за стојазичност, не за двојазичност. Дај боже, секој да знае по 100 јазици, па да може да се разбере. Меѓутоа, она што сака да се направи е една етничка група да се издигне над другите етнички групи.
Ова вечерва во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ го посочи Богдан Илиевски, еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, додавајќи дека јазикот е нешто што не обединува, а не разединува.
– На кој јазик ќе се разберат Србин и Ром во Македонија? На македонски…На кој јазик ќе се разберат Турчин и Албанец во Македонија? На македонски…- посочи Илиевски.
Обраќајќи им се на Бојан Маричиќ од соросовиот МЦЕО и Павле Богоевски од СДСМ, Илиевски рече:
-Вие ги девалвирате гласовите на Македонците. Не можеше СДСМ само со гласови на Македонците и реши да се „отвори“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најчевска: Наш главен интерес треба да биде самото бегство, на здрав памет нѐ прават будали
-
Николоски: Исходот на референдумот е дефиниран од Законот, а не од толкувањето на власта
-
Атанас Илиевски: Пајче, да се надеваме дека ќе дојде ден да проговориш од обвинителна клупа
-
Арнаудов, Дамовски и Илиевски пуштени дома