Доцент д-р Неда Здрaвева од Правниот факултет, преку нејзиниот Фејсбук профил даде појаснување за ставовите и револтот кон предлог-законот за прекинување на бременоста и начиниот на кој се носи, како правник и како жена. Го пренесуваме интегрално:
Начелна забрана за прекинувања на бременост ако од претходната не поминaла една година има и во важечкиот закон (од ’72-ра со измени и дополнувања од ’76-та и ’95-та). Она што во тој стар закон (во понатамошниот текст З) има/нема, а во овој модерен предлог закон (во понатамошниот текст ПЗ) нема/има е следното: – предлагачите пропуштиле да редактираат одредба со која ќе се определеи дека постaпката по одлучување за прекинување на бременоста е итна (З, 5/1 ); – оставањето дискреција на министерот за здравство да го пропише образецот за барање за прекинување бременост (З, 6/1) може да создаде правна несигурност (кој вика дека образецот нема да биде тетратка А4 формат од 60 листа), – министерот ја пропишува содржината на советувањето (ПЗ, 6/4 во врска со 6/3) што треба да се оствари пред прекинување на бременост ( 6 неделен семинар можеби???) , – се воведува ново ограничување ( ПЗ, 6/7) бременоста да не може да се прекине пред истекот на 3 дена од крајот на советувањето ( демек жена, па да размисли и треба време, зашто, се подразбира, не посветила ни две секунди размислување дали ќе ја прекине бременоста), – во одредбата што се однесува на присуство на советувањето (ПЗ, 10 и З, 12) недостасува зборчето “може“, што може факткички да смени многу ситуации, – ПЗ некритички ја презема одредбата од З, 11/3 во поглед на дополнителната документација ( или нема ништо спорно во тоа, на пример, на дете од 14 години што забременило со силување од некој роднина да му бараме потврда дека е поведена постапка за гонење на сторителот (нешто особено бевме загрижени за последиците по жртвите и општеството од сторителите на КД полов напад врз дете)). Конечно, како овие скоро пресликани решенија од 72-ра кореспондираат со потребите на 21-ви век и демократско општество или пак одредбата дека жената слободно одлучува за прекинувањето на бременоста (во двата текста) треба да се сфати во сета релативност на слободата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…