Рио Фердинанд е еден од ретките англиски аналитичари кои во последно време е посебно критички настроен кон Арсен Венгер и играта на Арсенал, а легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед сега повторно предизвика многу коментари откако даде предвидување за конечниот епилог во топ-4 распоредот во Премиер лигата, меѓу кои не го гледа токму тимот од Северен Лондон.
Фердинанд ја остави историјата зад себе и потенцираше дека Арсенал за првпат после 20 години, нема да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи во Англија. Од друга страна пак, Рио смета дека Манчестер јунајтед ќе се избори за пласман меѓу четирите најдобри, а прогнозира дека покрај Арсенал, без настап во Лигата на шампионите ќе остане и Ливерпул.
– Мојата прогноза е дека Арсенал и Ливерпул ќе останат без пласман во Лигата на шампионите. Проблемот е во тоа што сите екипите не се константни, но мислам дека овие две имаат најмногу варираат во својата игра. Манчестер јунајтед во последно време го подобри својот победнички менталитет, кикснаа со Бурнемаут но мислам дека Жозе Мурињо ќе го крене тимот и дека ќе го одведе во Лигата на шампионите. Златан Ибрахимовиќ е клучот за таквиот епилог – истакна Фердинанд за „Би-Ти спорт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.