Ако не сакате повеќе да користите бел шеќер ниту да употребувате вештачки засладувачи во исхраната, единствена и најдобра опција што постои како замена е да користите мед.
Медот содржи 80 проценти шеќер и 20 проценти вода. Содржи три видови на шеќер – сахароза, глукоза и фруктоза.
Интересен е фактот што фруктозата е послатка од глукозата, а пак таа е послатка од сахарозата.
Со самото тоа медот е посладок од белиот шеќер, па потребна е помала количина за да ги задоволиме дневните потреби.
Колку е медот постар толку содржи повеќе фруктоза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.