| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионер од Прилеп за пари го убиле негови познаници

Пензионерот В.М. (65) кој во четвртокот беше пронајден мртов во станот во кој живеел под кирија го убиле за пари негови познаници. Прилепската полиција денеска на прес конференција соопшти дека за убиството се осомничени брачниот пар С.М (32) и В.М(33) од Прилеп, кои биле пронајдени во Кавадарци, пишува „Нова Македонија“.

Како што рече на прес конференцијата порпаролот на СВР Битола Сања Стаматова, осомничените го признале убиството кое го изврпиле на 27 февруари.

– Осомничените со жртвата се познавале подолго време и во повеќе наврати го посетувале во неговиот стан. Критичниот ден заедно со него влегле во станот, откако претходно купиле алкохол и пиеле. С.М. откако од него побарал одредена сума пари и не ги добил, од кујната зел кујнски нож и без д биде забележан го прободел во задниот дел во пределот на бубрегот. Жртвата се завртила по што С.М. уште еднаш го прободел во градите, по што тој паднал на подот. В.М. цело време била присутна на настанот – објасни портпаролот Стаматова.

Откако го извршиле убиството, С.М. од џебот на пантолоните на убиениот го одзел мобилниот телефон, потоа телевизорот, при што со клучот го заклучиле станот и побегнале.
Откако биле пронајдени во Кавадарци се спроведени во полициската станица во Прилеп.

Увидната екипа подигнала поголем број биолошки, хемиски и дактилоскопски траги, кои по наредба на јавен обвинител се испратени на вештачење во МВР.

Полицијата од Прилеп против двајцата поднесе кривична пријава за убиство, по што сега постапката продолжува во Обвинителството.

Од полициски извори дознаваме дека  С. М  претходно бил сторител на тешко кривично дело чедоморство, за што одлежал и затворска казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top