| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во сендвичара во студентскиот дом „Стив Наумов“

Локализиран е пожарот што избувна во сендвичара во студенстскиот дом „Стив Наумов“ во непосредна близина на Хемискиот факултет во Скопје, информира командантот на Противпожарната бригада на град Скопје, Ѕвонко Томески.

– Веднаш по избувнувањето на пожарот екипа на Противпожарната бригада составена од едно возило и пет пожарникари излезе на терен и за брзо време успеа да го локализира пожарот, изјави Томески за МИА.

Тој посочи дека екипи на Противпожарната брига денеска интервенирале на пет ликации во градот. Веќе е изгаснат и пожар во стан на 1 кат во зграда во Ѓорче Петров, а во моментов се уште се активни пожари на отворен простор во близина на селата Грчец и Ржаничино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top