| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена бензинска пумпа на Макпетрол

Непознато маскирано лице рано изутрината во 3:20 часот со закана со пиштол ограбило бензинска пумпа на „Макпетрол“, лоцирана на улицата „Кемал Сејфула“ во Скопје, при што од вработениот го одзело дневниот пазар и се дало во бегство.

Како што информира МВР, се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на кривичното дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top