Една жена го изгуби својот живот, а над 10 се повредени, од земјотресот со јачина 5,9 степени според Рихтер.
Земјотресот кој го погоди јужниот остров на Минданао, на Филипините, следел по земјотресот од 6,7 степени, во кој на 7. февруари настрадаа 10 лица, а повеќе од 100 беа повредени.
Според изјавите, една жена починала од срцев уар, а останатите се повредени од рушевините.
Во земјотресот се срушиле две куќи, а неколку објекти биле оштетени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.