| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган жестоко удри по Германците: Вие сте рај за терористите

Инаку, во Германија се проценува дека живеат три милиони Турци кои што се значајно гласачко тело за турските власти

Турскиот претседател ги обвини Германците дека нивната земја е вистинско прибежиште за терористите, а уапсениот германски новинар на Die Welt порача дека е курдски сепаратист и двоен германски шпион.

Жестоките критики на Ердоган кон Германија доаѓаат откако германските власти одлучија да откажат три собири за поддршка на Ердоган и референдумот за воведување на претседателски систем во Турција.

– Спречија моите министри за правда и економија да говорат на собирите. Требаше и јас да се обратам на видео бимовите – изјави бесниот Ердоган.

Турскиот претседател ја обвини Германија дека ги толерира собирите на Курдите чии што организации Турција ги смета за терористички и порача дека на Германија треба да и се суди поради тоа што ги прифаќа и им помага на терористите.

После ваквите изјави на Ердоган, реагираа од германското Министерство за надворешни работи од каде што изјавите на турскиот претседател ги оценија како апсурдни. „Тоа е апсурдно“, стоеше меѓу другото во краткото соопштение на германското Министерство за надворешни работи.

Инаку, во Германија се проценува дека живеат три милиони Турци кои што се значајно гласачко тело за турските власти.

Германската канцеларка Ангела Меркел која што се наоѓа во посета на Тунис, веднаш ги отфрли таквите обвинувања од страна на турскиот претседател и не ја пропушти приликата да упати остри критики на сметка на слободата на медиумите во Турција.

Односите помеѓу Турција и Германија се влошија откако неодамна беше уапсен германски дописник за Die Welt во Турција. Тој известуваше за наводните врски помеѓу турската влада и терористичката организација Исламска држава, а турските власти го притворија под обвинение за „ширење на терористичка пропаганда“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top