Поранешниот претседател на Хаити, Рене Превал почина вчера од инфаркт.
Превал (74) беше првиот лидер во историјата на Хаити, кој победи на демократски избори и по истекот на мандатот мирно ја предаде власта на неговиот наследник.
Тој беше двапати претседател на Хаити – од 1996 до 2001 и од 2006 до 2011 година.
Превал изврши голем број реформи и приватизира голем број државни претпријатија. Тој беше претседател кога се случи разорниот земјотрес во Хаити во 2010 година, при што загинаа над 220.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.