| четврток, 6 декември 2018 |

Привремен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

икендов на булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради тоа што денеска и утре ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“. Прекопите ќе се изведуваат пред втората капија на фабриката „ОХИС“ и кај семафорот во населбата Пинтија, од 8 до 16 часот.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top