| четврток, 6 декември 2018 |

Масовно и во Струмица, трет ден на улица за заедничка Македонија

Во Струмица по третпат се одржа протестен марш за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Од градскиот плоштад „Гоце Делчев“, граѓаните упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и против двојазичноста.

Пред присутните граѓани се обратија неколку говорници кои апелираа да се зачува унитарноста, јазикот, името и идентитетот.

– Еднаш ме прашаа што сакам од својот живот во иднината. Немав конкретен одговор, немав детали, само сакав да бидам среќна со човек кој ме сака, кој ја разбира уметноста, да живеам некаде, а тоа да не биде Црна Гора, во земја која има многу сончеви денови. Не знаев дека таа земја ќе има сонце дури и на нејзиното знаме. Не знаев дека таа земја ќе биде Македонија, земјата на Александар. Сега некој сака тоа сонце, да ми го украде мене, на Македонците, на моите деца. Сега некој сака зборот Македонија повеќе да не постои, рече Ана Филев, академска сликарка од Црна Гора.

Од градскиот плоштад, учесниците на протестот поминаа низ централното градско подрајче. Протестот помина мирно без инциденти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top