Скопски полцацец место да фаќа крадци – крадел.
Ноќта на 18 јануари двајца полицајци од Полициската станица „Центар“ вршеле патрола на улицата Кеј Димитар Влахов и решиле да извршат проверка на паркирано возило “фолксваген’ во кое седеле две лица.
Тие им се доближиле на момчињата, се легитимирале и им рекле да излезат од возилото. Г.Т. влегол во автомобилот за да го прегледа, додека другиот полициски службеник разговарал со момчињата. По проверката полицајците решиле да си заминат, но едното од момчињата почнало да трча по нив информирајќи ги дека му го нема паричникот од автомобилот во кој имало 1.500 евра и лична карта. Г.Т. бил претресен и кај него биле пронајдени дел од парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


