| четврток, 6 декември 2018 |

26.500 потписи за ослободување на Македонецот кој уби провалник во Србија

Онлајн петицијата за ослободување на Сашко Богески кој во самоодбрана го уби провалникот во неговиот дом со нож, за само неколку дена е потпишана од повеќе од 26.500 луѓе. Масовната поддршка се должи на стравот дека секој може да се најде во слична ситуација и на крајот да заврши зад решетки.

Пораката на петицијата Слобода за Сашко-правда за сите“ апелира до сите граѓани да не дозволат Богески да заврши во затвор само поради тоа што го заштитувал своето семејство.

Криминологот Златко Николиќ од Србија вели дека е нормално што луѓето го поддржуваат затоа што се исплашени за се тоа што се случува околу нив.

–       Се чини дека луѓето се опседнати со домашни насилници и сакаат да ги истребат. Бидејќи Сашко дотепа еден од нив, тие сметаат дека е логично и праведно таквите луѓе да се заштитат од кривичен прогот. За Сашко да биде ослободен, треба да се промени законот, во насока на проширување на значењето нужна одбрана за луѓето кои ќе направат слични работи да не бидат на удар на кривичниот закон, вели Николиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top